Левица: Скандалозна изјава за одрекување од бенифициран стаж во ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп


Вработени во ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп, до Советниците на Левица –Прилеп реагираа за наводен притисок од страна на еден од директорите, кој заедно со својот правник, внатрешно, во самото претпријатие изготвиле незаконска изјава и им била дадена присилно да ја потпишат, сите вработени кои добиваат т.н. бенифициран стаж. Се вели во соопштението на партијата Левица.

„Според вработените, целта била „доброволно” да се откажат од овој надоместок кој не им го исплаќале со месеци уназад, а наводно, претходниот директор од СДСМ – Емил Јанески би се оправдал за доцнењето и неисплаќањето.

Како што може да видеме во самата изјава, станува збор за скандалозен документ со кој раководството бара од работниците да се „ОДРЕЧАТ од правото да поведат судска постапка” за средства кои требало да им бидат исплатени заклучно со 31.12.2021 година.

Со сето ова јасно се гледа дека во суштина пробуваат да им забранат, при случај на потреба, да го искористат своето Уставно загарантирано право на правна заштита.

„Пробуваат со една обична изјава да поништат закон, со кој раководството очекува од нас вработените да се откажеме од средства што низ годините наназад нѝ следуваа и редовно нѝ ги исплаќаа” – изјавуваат дел од вработените.“, се вели во соопштението од Левица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи