Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево , Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75 години) и Тетово (83 години), двете лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Охрид, Гостивар и Виница, на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21 до 26 март 2022 година. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (5), кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.964.475 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.178, бројот на оздравени пациенти е 295.237, на починати е 9.226, а бројот на активни случаи изнесува 1.715