Од денес започнува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Околу 80.000 граѓаните ќе добијат покачување на своите плати од речиси 3.000 денари.

„Владата на Република Северна Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските плати, а утврдена е и методологија со која истата континуирано ќе расте. Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и очекуваме многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Дополнително, државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот, за сите засегнати страни“, се вели во соопштението од Влада.

Владата очекува дека зголемувањето на минималната плата позитивно ќе влијае и врз растот на останатите плати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи