ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
По повод 120 годишнината од смртта на Методи Патчев денеска на неговиот гроб во Кадино село оддадоа почит и положија свежо цвеќе претставници од Општина Прилеп, Совет на Општина Прилеп, претставници од ООУ „Страшо Пинџур“, претставници од политичките партии, патриотски здруженија и почитувачи на неговиот лик и дело. А панихидата во чест на великанот Патчев ја изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар.
Преку рецитали, песни и реферат учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.
Методи Патчев е роден на 14 мај 1875 година во Охрид, а загинал откако бил предаден во 1902 година во Кадино Село бранејќи ја Македонија од турскиот аскер. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.


