Дваесет и девет години од приемот на Македонија во ОН

Денеска се навршуваат 29 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (ОН). На 8 април во 1993 година, земјава со акламација во Генералното собрание на ОН, стана 181 полноправна членка на Светската организација.

Со примот во ОН се потврди меѓународно правниот субјективитет на земјава 19 месеци по референдумот на 8 септември во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за независна, самостојна и суверена држава. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 17 септември во 1991 во Собранито.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември во 1991 година.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи