5 медали за БК „7 Мај“ од Прилеп на меѓународниот турнир во Качаник, Косово


Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп имаше одлично претставување на меѓународниот турнири кој се одржа во Качаник, Косово. На турнирот учество зедоа 5 борачки од овој успешен прилепски клуб кои донесоа 5 медали, 3 злата и 2 сребра. Барбара Стојкоска беше прогласена за најдобар странски борач.

Резултати:

  • Ангела Трајкоска освои 1 место на категорија до 38 килограми со две победи.
  • Марија Велјаноска освои 2 место на категорија до 38 килограми со една победа.
  • Елена Дејкоска освои 1 место на категорија до 46 килограми со две победи без да и освојат поен.
  • Тамара Цветкоска блесна за кадетки иако е пионерка и има само 13 години се рамни со ривалките кадетки до 57 килограми освои 2 место со добри и значителни 3 победи.
  • Барбара Стојкоска освои 1 место со две победи на категорија до 65 килограми за кадетки и е прогласена за најдобар странски борац на турнирот.

Екипата ја предводеа тренерите: Теодор Темелковски и Стојанчо Тушески.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи