Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на горивата во нашата земја, со која истите поскапуваат од полноќ.
Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата во земјава, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензините поскапуваат за 1.5 денари, додека дизелот за 2.5 денари за литар.
Ова значи дека од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 81,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 83,50 денари, додека Еуродизелот ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар наточено гориво.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 денар/литар и од полноќ ќе чини 80,5 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.
131