ВИДЕО: Најголемата лабораторија за синтетичка дрога на Балканот откриена во тетовска куќа

Facebook
Twitter
Email
Print

Приведени шестмина македонски и српски државјани и запленети најмалку 500 илјади таблети синтетичка дрога чија крајна цел била Турција. Ова е епилогот по синоќешната акција на македонската и српската полиција, во координација со американската ДЕА.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во акцијата, со која е сузбиена организирана криминална група, полициските служби извршиле претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје.

 

„Откриени се најголеми количини синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку првичните проценки излезат точни, веројатно ќе биде и една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки. Имено, во лабораторијата откриена во куќа во Тетово, откриени се над 125 килограми синтетичка дрога, или минимум 500 илјади таблети синтетичка дрога чија вредност надминува 2,5 милиони евра“, изјави министерот Спасовски.

 

 

Продолжуваат активностите во рамки на операцијата.

 

„По наредба на надлежното обвинителство од страна на припадници на нашиот ОСОСК извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје. Министерството за внатрешни работи наредниве денови, ќе ја информира јавноста со сите нови релевантни информации околу оваа акција, вклучително и околу кривичното процесуирање на инвилвираните лица“, додаде министерот Спасовски.

 

Претходно потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ истакна дека ова е еден од најдобрите резултати во запленување на синтетички дроги.

 

„Многу е добро што е уапсен Милан Зарубица, бидејќи тој се смета за еден од најголемите креатори на синтетички дроги, а на овие простори беше познат по оваа активност и порано“, рече Стефановиќ.

 

Според него, оваа запленета синтетичка дрога е многу важна бидејќи станува збор за капдагон, нова синтетичка дрога која е омилена и кај борците на ИСИС.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи