ВИДЕО – „Додека постои и последниот Македонец ќе ги чествуваме нашите великани“ – Во Прилеп одбележани 110 години од смртта на Пере Тошев


Со положување на свежо цвеќе пред споменикот во старата чаршија и со панихида на неговиот гроб во црквата Свето Благовештение денеска во Прилеп беше одбележана 110 годишнината од смртта на нашиот великан Пере Тошев. Организатори на настанот беа МПЗ „Пере Тошев“ од Прилеп кои веќе 5 година по ред го чествувата овој ден без нивниот претседател Јане Ченто кој издржува затворска казна поради настаните на 27 април.

„ Од година во година се повеќе и повеќе македонштината се чувствува како да се губи, меѓутоа додека постои и еден последен Македонец, ние ќе ги чествуваме нашите великани од минатото и ниту еден договор, како договорот кој сака Бугарија да ни го наметне за земање на историскиот лик на Гоце Делчев во нивна корист, нема да дозволиме тоа да се случи. Тешкотии има, секогаш имало меѓутоа од година во година се се поголеми, занемарени од фактот што ликови како Јане Ченто, Горан Ангелов, Игор Југ, Ацо Тошка, Вили Гајда и ред други патриоти кои на 27-ми влегоа во Собранието да го зачуваат уставниот поредок на државата, се наоѓаат таму каде што се наоѓаат. Ние секојдневно разговараме, сме во комуникација со ликови, Македонци кои сакаат да помогнат, меѓутоа од тоа нив што им се случи народот е се уште исплашен и се плаши за својата судбина да не ги снајде исто како и нив што ги снајде да завршат во зандани. Затоа секоја година мислам дека без разлика дали било протест, дали било чествување од ваков карактер е се помалку и помалку“, истакна Горан Стојаноски, потпретседател на МПЗ „Пере Тошев“.

За сите присутни имаше имаше организирано и ручек во манастирот Св. Димитрија во село Селце.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи