Во ОВР Прилеп вчера пристигнала пријава околу 05.45 часот дека на ул.„Браќа Миладиновци” во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници.
„Во несреќата седум лица (К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп“, откриваат од МВР.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.