Зборувате претпоставувам за истиот оној Стево Пендаровски кој потпишуваше по нарачка на Заев кога ќе му текне вонредна состојба. Или оној истиот Стево Пендаровски кој велеше дека Гоце Делчев е Бугарин. Претпоставувам за тој човек зборувате. Јас нема да ги цитирам неговите изјави, рече денеска во Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Само ќе кажам дека ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, ВМРО ДПМНЕ не може и нема да поддржи, бидејќи за промена на Уставот се потребни 2/3, било каква интервенција во преамбулата без притоа да добиеме од страна на бугарскиот парламент јасни гаранции изгласани, дека од тој момент па сe до денот кога ние ќе бидеме земја членка на ЕУ сите отворени прашања се затворени и нема да има дополнителни барања од страна на Бугарија. Дури тогаш можеме да седнеме и да разговараме за тоа да се менува преамбулата и делот бугарскиот народ кој живее во Македонија да биде вклучен во истата, бидејќи и според оној катастрофален попис кој што го направија од Владата, околу 750 граѓани од Македонија се изјасниле дека нивен мајчин јазик е Бугарскиот“, потенцираше Мицкоски.