Ние сме столбот на здравствениот систем, но за жал и професија која не е регулирана со закон и која масовно бега во странство


Наш гостин во емисијата Инфо Регион е медицинската сестра Елизабета Настеска, првата медицинска сестра од Македонија чиј што едукативен текст, посветен на Флоренс Најтингејл, жената основоположник на професијата медицинска сестра, за прв пат беше објавен на интернет страницата на Меѓународниот совет на медицински сестри во 2020 година.

Тогаш со Настеска го имавме и првото интрервју за порталот Инфо Компас, тогаш беше и екот на пандемијата, сега 2 години потоа повторно ќе поразговараме, околу оваа професија чие значење колку е големо навистина го разбравме токму во овие изминати 2 години на пандемијата.

Поразговаравме за тоа како ќе се одбележи Интернационална недела на медицинските сестри кај нас, за Здружението на медицински сестри и техничари, акушерки и стоматолошки сестри насловено – „За нас“, кое постои веќе 5 години, но и за сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат медицинските сестри кај нас, како и за масовниот одлив на овој кадар во странство.

Повеќе за професијата медицинска сестра погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи