Во првиот квартал од годинава затворени се 3.920 фирми, за цела ланска година – 6.995!

Во првиот квартал од оваа година бизнис-битката ја згубиле 3.920 компании и ставиле клуч на врата, покажуваат податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк. Ова се поразителни податоци ако се земе предвид дека минатата година, вкупната бројка на компании кои ставиле клуч на врата е 6.995 фирми. Значи, сега во 3 месеци се згаснати компании колку што се згаснале за 7 месеци минатата година, покажува анализата на порталот „Пари”.

Податоците на платформата Бизнис.Мрежa.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми. Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата – тренд кој се задржа и од претходната година.

СЕКОЈА ТРЕТА ЗАТВОРЕНА ФИРМА Е ТРГОВСКА

Во трговијата се затвориле дури 1.264 комании,  што значи дека секоја трета затворена фирма е или продавница, или тргиовија на големо. На второ место се компаниите од преработувачката индустрија. Се затвориле 467 фирми. Со шифра „објекти за сместување“ се избришани 442 фирми. На четвртото место по згаснати компании во 2021 година се градежни компании со 315 згаснати фирми и ако се анализира цела мината година, компании од оваа дејност не влегуваа во првите 5 дејности каде најмногу се затвораа фирми.  Во 2021 година згаснале и 287 компании што се занимавале со транспорт и складирање.

5 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ

ДЕЈНОСТ ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
Трговија 1.264
Преработувачка индустрија 467
Објекти за сместување 442
Градежни компании 315
Транспорт и складирање 287

НАЈМНОГУ ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ОД СКОПЈЕ, ТЕТОВО, БИТОЛА И КУМАНОВО

Од затворените компании 39,5 се наоѓаат во Скопје и тоа, очекувано, е најголемиот удел во вкупниот број на затворени компании. Тетово е втор град во кој има најмногу затворени фирми, во 2021 година клуч на врата ставиле 226 правни субјекти. Во Битола, минатата година се затвориле 199 фирми, 161 фирми згаснати фирми се од од Куманово.  На крајот од првата петорка на градови во кои лани фирмите ја загубиле бизнис-битката е Гостивар со 157 затворени фирми.

5 ГРАДОВИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

ГРАД ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
Скопје 1.550
Тетово 226
Битола 199
Куманово 161
Гостивар 157

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи