Крстески: ЈП „Пазари“ не е надлежен за отстранување на дивите продавачи, за ова се известени сите надлежни институции


На состанокот одржан помеѓу претставниците на здружението на пазарџии„Пазари“ од Прилеп, претставувано од нивниот претседател Николче Трајкоски и раководството на ЈКП Пазари од Прилеп, претставувано од ВД Директорот Игорче Крстески беа разгледани барањата на трговците закупци на тезги на прилепскиот пазар во централното градско подрачје, се вели во писменото соопштение на в.д. директорот на ЈП „Пазари“, Игор Крстески.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„На самиот почеток на состанокот, изразивме жалење за изнесувањето на целосна невистина во медиумите од страна на пазарџиите, во поглед на нивната изјава дека веќе неколку пати се имаат обратено до раководството на ЈКП Пазари, со барање за исполнување на нивните барања. Официјално и во писмена форма нивното барање беше врачено за прв пат на овој состанок, и истото уредно е архивирано во архивата на ЈКП Пазари.

Барањата на претставниците на здружението на пазарџии „Пазари“ беа уредно разгледани едно по едно и се донесоа следните заклучоци:

Во поглед на барањето на пазарџиите за преземање на активности од страна на редарската служба на ЈКП Пазари за воспоставување на ред и отстранување на дивите продавачи околу катната гаража во непосредна близинана пазарот, беа известени дека, редарската служба нема надлежност за воспоставување на ред надвор од рамките на подрачјето на пазарот.

ЈКП Пазари ги има известено сите надлежни институции кои можат да помогнат за надминување на проблемот на дивите продавачи.

Ние сме свесни дека производителите на раноградинарски производи кои идат од другите градови директно влијаат врз продажната цена на тие производи, односно придонесуваат за драстично намалување на нивната продажна цена, во однос на продажната цена на трговците членови на здружението „Пазари“, но тоа е и суштината на пазарната економија.

Во никој случај ниту еден производител или трговец, независно од кој дел на Македонија доаѓа и ги пласира своите производи на пазарот во Прилеп, нема да биде на било каков начин оневозможен да си ги извршува своите економски активности загарантирани со Уставот на Република Македонија. Дури и спротивно на тоа, нашата цел е да привлечеме што е можно повеќе индивидуални земјоделски роизводители на нашиот пазар, и да го вратиме некогашниот сјај на нашиот пазар како најголем регионален пазар.

Со оглед на фактот дека во Прилеп не постои пазар за продажба на големо на земјоделски производи, директорот на ЈКП Пазари, максимално ќе се заложи во наредниот период да се обезбеди место во градот каде ќе бидат сместени производителите и трговците на големо.Зголемувањето на понудата на земјоделски производи и успешнозадоволување на потребите на граѓаните на Прилеп е основната цел на нашето постоење како фирма.

Во поглед на забелешката за непочитување на делови од Договорите за издавање – закуп на продажно место, што ги потпишуваат закупувачите на тезгиод една страна и ЈКП Пазари како закуподавач, утврдено е дека издавањето на продажни места се врши исклучиво на лица пропишани со Закон.Индивидуалните земјоделци немаат обврска да отвораат фирми, и врз основа на Решение за регистрација на даночен обврзник (земјоделска дејност), и тие како итрговците од здружението „Пазари“ кои имаат отворено свои фирми, имаат право да закупат тезга. За деловните активности што индивидуалните земјоделци ги обавувааткако и секој трговец, ги подмируваат своитезаконските даночни обврски.

Повторно нагласуваме дека ЈКП Пазари нема обврска за одржување на редот и хигиената надвор од просторот на пазарот со кој јавното претпријатија ја обавува деловната активност.

ЈКП Пазари и во иднина ќе настојува да им излезе во пресрет на сите заинтересирани правни и физички лица кои сакаат да закупат тезга и да ги продаваат своите производи на пазарот во централното градско подрачје или на дисперзираните пазари во населбите Точила и Марино маало“, вели во соопштението Крстески.

Овие тврдења, се спротивни од тврдењата на струмичките земјоделци, кои минатата недела истакнаа дека легално се поставени околу новата катна гаража, со одобрение на директорот на ЈП „Пазари“ и дека за тоа си плаќаат по 13.000 денари месечно. Исто останува нејасно ако овој проблем од страна на ЈП „Пазари“ е пријавен до сите надлежни институции зошто никој не презема ништо.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи