Инфо Компас неофицијално од извори во истрагата дознава дека во моментов во тек е голема акција на полицијата против дрвокрадците во месноста Борула кај Дервен.
Според првичните информации со кои располагаме до моментов приведени биле 10-тина дрвокрадци, одземени се голем број возила наменети за транспорт на нелегално сечените дрва, како и шпедитери, коњи и моторни пили. Исто така одземена била и поголема количина на нелегално исечени дрва.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.