Нашиот успех е плод на стручноста и квалитетот на услугите – грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет


Прилепски „Авто Контрол“ е во топ 10 компaнии во Македонија за техничко испитување на возилата. Компанијата располага со две патеки за технички преглед и инспекциски активности на сите видови возила, во кругот на станицата успешно функционираат современ автосервис и низа сродни поврзани дејности, а поседуваме најсовремени уреди и опрема за испитување и дијагностика

МАРИЛИ: Од кога постои приватната компанија „Авто Контрол“ и која е нејзината ос-новна дејност?

ПЕРКАНОСКА: Почнавме пред 20 години како сервис за поправка на возила, а „Авто Контрол“ е основана пред осум години и таа е плод на нашиот повеќегодишен труд како семејна компанија што денес располага со две патеки за технички преглед и инспекциски активности на сите видови возила. Во кругот на нашата станица успешно функционираат современ автосервис и низа сродни поврзани дејности што се дополнуваат и креираат центар за исполнување на барањата на клиентите и грижа за возилата. Поседуваме најсовремени уреди и опрема за испитување и дијагностика што постојано се надградува и дополнува во согласност на европските регулативи и директиви. Може да се пофалиме дека за овој период нашата компанија се етаблираше меѓу првите десет во државава, во дејноста техничко испитување и анализа.

Успехот се должи на нашата стручност и на квалитетот на услугите што го постигнуваме преку големиот професионализам и посветеноста на нашите вработени. Грижата за нашите клиенти отсекогаш ни била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, за што нашите ценети клиенти нѐ наградуваат со долгогодишна доверба и лојалност.

 

 

МАРИЛИ: Компанијата има и други значајни дополнителни дејности. Според која спе-цифика на овие дејности сте препознатливи како единствени во Пелагонискиот Регион?

ПЕРКАНОСКА: Станицата за технички преглед „Авто Контрол“ е единствена во Прилеп што поседува сертификат за акредитација за голем опсег на услуги, издаден од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и таа е овластена техничка служба од тип А во својство на тело за оцена на сообразност за инспекција на возила за следниве услуги:

– Поединечно одобрување на возила – хомологација;

– Oдобрување на преправени возила – А-ТЕСТ;

– Инспекција на подготвеноста на возилата за сообраќај

(ЦЕМТ/ЕКМТ); и

– Инспекција при утврдување и втиснување на идентификациски

ознаки на возилата (број на шасија и број на мотор).

МАРИЛИ: Водејќи се од Вашето мото „Безбедноста на прво место“, кажете ни кои се главните постулати на политиката за ква-литет што ја спроведувате кон корисниците на Вашите услуги?

ПЕРКАНОСКА: Безбедноста во патниот сообраќај несомнено е еден од најкомплексните проблеми во нашето општество. На сите нас како учесници во сообраќајот треба да ни биде совршено јасно дека мора да се однесуваме совесно и одговорно. Токму поради ова раководството на „Авто Контрол“ се обврза на добра професионална практика и квалитетно давање на услуги на своите корисници преку постојано усовршување на знаењата, вештините, компетентно-ста и стручноста на вработените, следење и примена на домашната и на странската законска регулатива, воведување меѓународни стандарди во своето работење, идентификација и отстранување на ризиците на дневна основа. Извршувањето на секојдневните задачи на вработените е во согласност со утврдената политика на квалитет.

Во исто време, ние, како општествено одговорна компанија, преку совети за безбедно учество во сообраќајот и соработка со надлежните институции се трудиме да ги зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти, да ги подигнеме јавната свест и сообраќајната култура на повисоко ниво и сите заедно да придонесеме за безбеден сообраќај.

МАРИЛИ: Вие сте една од ретките жени менаџери во „машки бизнис“. Кој беше предизвикот да се занимавате со оваа професија и, според Вашето мислење, што е пресудно за да напредува жената во кариерата, дали тоа е образованието, личните карактеристики, умешноста да се освојуваат современи вештини за личен развој, поддршката и мотивацијата од работниот тим…?

ПЕРКАНОСКА: Менаџерската позиција е комплекс од повеќе фактори, сведочи за способностите подеднакво кај мажите и кај жените бидејќи ако сакате да бидете успешен во тоа што го работите, мора да размислувате, да се однесувате, да изгледате и „да играте“ победнички. Приказната за нашата компанија започнав да ја пишувам како мајка на две ќерки и сопруга, водејќи се од искуството во областа на автомобилизмот на мојот сопруг.

Моите почетоци значеа поддршка, а подоцна и воведување нови дејности од таа област, поставувајќи си менаџерска задача – соработка помеѓу деловната активност и приватноста, со една единствена цел – успех. Напредокот може да дојде само доколку постојано се работи на надградување на своите знаења и поставување нови и сe повисоки цели. Личниот раст и развој има непредвидливи моменти и тешкотии. Но ние, успешните жени, го даваме својот максимум, имаме разбирање за секого, самодисциплина, свесни сме за секоја одлука што ја донесуваме, храбро и достоинствено стоиме пред сите предизвици.

Јас сум голем борец и оптимист и никогаш не се предавам. Клучот на мојот успех се соработката и упорноста. Создавањето тим од луѓе со исти или слични победнички особини и погледи, луѓе што поседуваат проактивен став, енергија, амбиција, ентузијазам, оптимизам и компетенции е услов за да се достигнат

поставените цели во согласност со законските регулативи во една општествено одговорна компанија. Почитувањето на туѓото мислење е многу важно, независно на која позиција некој се наоѓа. Успехот на секој во општеството е заеднички успех.

МАРИЛИ: Колку професионалните обврски што Ви одземаат голем дел од денот Ви оставаат време за приватност, односно дали имате слободно време и како го исполнувате?

ПЕРКАНОСКА: Со добра организација на работата може да се оддели време за себе, за семејството, за пријателите, за сопственото здравје и хармонија и да се биде во тек со културните настани во заедницата. Динамиката и секојдневните многубројни обврски што треба да се исполнат во еден работен ден, како на работното место, така и во рамките на семејството, ме прават сигурна, цврста, истрајна, упорна и решителна. Нашите ќерки треба да добијат правец во животот од примери што треба да ги инспирираат и за да бидат најдобра верзија од самите себе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи