На 02.06.2022 во ОВР Прилеп, Г. Ј (48) од Прилеп , пријавил дека на ден 02.06.2022 година околу 11.30 часот во амбулантата за спортска медицина лоцирана во центарот за Јавно Здравје Прилеп, пријавителот кој бил доктор во установата бил физички нападнат од страна на В. Д и И.С вработени во ЈЗУ Општа Болница Прилеп, соопштуваат од СВР Битола.
„Во врска со истиот настан на 03.06.2022 во ОВР Прилеп, К. С (47) вработена како Директор во ЈЗУ „Општа Болница“ Прилеп пријави дека на ден 02.06.2022година околу 11.00ч. додека пријавителката била во Одделот за Спортска Медицина, заедно со комисијата на Болницата со цел физичко дислоцирање на Стрес-тест апарат истата била физички нападната од докторот Г. Ј. бидејќи истиот се противел на интерната одлука за дислокација на апаратот и истиот ги спречувал службените лица во вршење службено дејствија“, велат од СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, се вршат проверки, информативни разговори и по целосно документирање на истиот ќе бидат поднесени соодветни пријави.