ВИДЕО – Илиоски: Повикуваме министерот за внатрешни работи под итно да го разреши  командирот на ПС Прилеп


Од причини што нашите прилепчани се исплашени за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, денес на седницата Советот на Општина Прилеп поставена е точка на дневен ред со која како ВМРО ДПМНЕ бараме информација за безбедносната состојба во градот, рече на денешната прес конференција Робертино Илиоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Имено, по иницијатива на  советници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата оваа точка беше побарано да се разгледа на минатата седница, но немаше присуство на раководните лица од полициската станица во Прилеп. Очекуваме дека денеска Командирот на Полициската станица од општа надлежност, ќе биде присутен на седницата и ќе ја образложи причината зошто градот ни се најдува секојдневно во вестите од црната хроника.

Во неразбирливо отсуство на полицијата, градот стана своина на насилници, дилери, лихвари, кои непречено функционираат и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.  Нашите деца не се безбедни на улиците , на кои и ден и ноќ се тркаат автомобили и мотори, нема полициски патроли ни маалски полицајци. Бројот на сообраќајни незгоди и прекршоци е во вртоглав пораст, не се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Дали оваа ситуација се должи на начинот на избор на командирот на ПС Прилеп и високите раководни службеници назначени од централната власт кои или немаат капацитет да се носат со ситуацијата или намерно го вртат погледот на другата страна дозволувајќи Прилеп да биде тероризиран и заплашуван?

Исто така прашуваме до каде е постапката и што се случи со скадалозната Вибер група која координираше за време на Локалните избори, спротивно на сите закони? Дали тоа е причина за игнорирање на повиците од страна на Советот, градоначалникот на општината и граѓаните, за подобрување на безбедносната ситуација? 

Поради тоа,  го повикуваме министерот за внатрешни работи под итно да го разреши  командирот на ПС Прилеп и клучните полициски моќници бидејќи Прилеп стана небезбедно место за живеење. Ситуацијата мора да се промени,  мора да се вратат безбедноста и мирот во градот и Прилеп да биде безбедно место за живеење“, рече Илиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи