ВИДЕО – Проданоски: Командирот на ПС Прилеп да објасни што се случува во градот, во спротивно ќе бараме негова смена

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Денеска на седница на Советот на Општина Прилеп ќе разговараме за безбедносната состојба во Прилеп. Поканет е и командирот на ПС Прилеп да образложи каква е безбедностната состојба во градот, која според информациите што се пласираат во јавноста е страшно лоша, истакна на денешната прес конференција претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

„Точката е последна на дневниот ред на седницата, но по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ  и по мое лично инсистирање, ќе предложам пред советниците точката да ја поставиме како прва. Командирот на ПС се надевам дека ќе присуствува на седницата, на која уредно е поканет и ќе ни даде целосна слика за безбедноста во градот.

Општина Прилеп само во последните 10 дена е застапена во црната хроника – со постојани тепачки, физички напади на лица, кримнинални дејствија кои не се за занемарување. Само минатата недела бевме информирани  дека е пронајдена марихуана во вредност од 300 илјади евра. Минатиот викенд , масовната тепачка на млади луѓе пред еден од прилепските локали ги преплави насловите на порталите, а секојдненво полицискиот билтен е исполнет со тепачки и вербални навреди меѓу граѓаните на Прилеп.

Овие само неколку случувања наговестуваат дека ситуацијата не е розова, а полицијата, која треба да се грижи за безбедноста во градот или е слепа и глува? Станува ли Прилеп град на насилници, град каде нашите деца, пријатели, соседи  се небезбедни ? Или тоа и е целта на централната власт, Прилеп намерно да биде прикажан како незбезбеден град за живеење?           

Почитувани, безбедноста на граѓаните е на првото место! Полицискиот командир  по закон треба да ни образложи  на денешната седница што тоа се случува во Прилеп.

Во спортивно како советничка група ВМРО ДПНЕ и јас како Претседател на Советот при општина Прилеп, заедно со градоначалникот, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полициската станица, но и преземање одговорност од страна на МВР и централната власт за ваквата состојба во Прилеп“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци