ЈП „Комуна“ Крушево започна со ископ на шахти во с. Саждево со што ќе се овозможи поставување на водомери во домаќинствата. Претпријатието ги повикува граѓаните на ова населено место да набават водомери, односно тоа претставува обврска на секое домаќинство.
Благодарение на овие активности ќе се овозможи намалување на загубите на вода и поверодостојно наплаќање на сметките.
„Единствена обврска на сограѓаните од Саждево е набавка на водомери, додека „Комуна“ ќе ги обезбеди сите останати услуги, меѓу кои најголема е ископот на шахти“, порачуваат од претпријатието.