Општина Прилеп започна со асфалтирање на улиците во Индустриската зона Металец.
„Создаваме погодни услови за зајакнување и за унапредување на бизнисот, како и за развој на економијата во нашата општина. Како одговорна Локална самоуправа работиме на исполнување на ветеното“, вели на својот ФБ профил градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Но, од нејасни причини и покрај сите укажувања новинарите не беа повикани на овој настан, ниту пак беа известени за истото преку писмено соопштение.