Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во среда, 29 јуни, во спомен куќата ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни. Настанот ќе се одржи во спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 19:30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на спомен куќата.
„29-ти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија“, велат од организаторите.