Реформи во образовниот систем – ќе се укинуваат предмети што ги оптоваруваат учениците

Facebook
Twitter
Email
Print

Учениците во Македонија имаат премногу предмети, а имаат лошо знаење. На Македонија и е потребен образовен систем кој во иднина само ќе се надоградува, а не постојано да се менува – ова се дел од пораките кои ги испрати премиерот Зоран Заев во негово обраќање на конференцијата за образование во организација на УНИЦЕФ.

 

„Планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата.  Се фокусираме кон квалитетно средно стручно образование, повеќе пракса, за подобри основи на знаењето. Не сите ученици сакаат да продолжат со високо образование. Во високото образование, размислуваме да има и пократки студиски програми, од 3 години.“, изјави премиерот Заев

 

Премиерот најави дека следната година ќе почне и опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории, што ќе придонесе во практичната настава и зголемување на интересот на учениците за наставните содржини.

 

Од министерството за образование информираа дека веќе почнале со ревизија на наставните планови и програми  и учебниците, а фокусот ќе биде ставен на реформи во првите три одделенија.

 

„Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и кое што ќе им понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичната писменост каде што Македонија е всушност и најслабо рангирана. Оценување на она што ќе значи суштинско знаење, извлекување заклучоци, она што ќе значи трајно знаење.“, изјави Десковска.

 

Според претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс реформите во образовниот сектор не значат премин од една статична положба во друга, туку постојан и континуиран напор на падаговијата да остане во чекор со промените.

 

Анализите покажуваат дека во земјава само едно од 4 деца посетува основно образование (28%), и скоро 5% од децата со попреченост посетуваат предучилишно образование.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи