ВИДЕО – Донација од Лајонс клубот за очното одделение во прилепската болница, вредна 12.000 евра


Денеска Лајонс дистрикт 132 кој што е дел од Лајонс клабс интернешнл асоцијација донираше опрема за очното одделение во прилепската болница вредна 12.000 евра. Болницата доби 2 апарати, од кои едниот биомикроскоп на кој се вршат испитувања за состојбата на очите на малите пациенти и апарат кој се вика преоптофор, а кој се користи во дијагностички цели и во терапевтски цели за лекување на слабовидоста која ја има кај одреден процент на децата.

„Благодарение на асоцијацијата Лајонс и на гувернерот доктор Цесна Пацановска за дистриктот за Северна Македонија, денес ќе имаме примопредавање на опремата која што е потребна за очното одделение. Оваа благодарност е и од името на сите граѓани на нашиот град, од името на пациентите и од името на раководството на нашата болница. За она што значи таа опрема и за пациентите ќе ви објасни началникот на очното одделение доктор Дејан, а за соработката што претходно ја имавме со асоцијацијата Лајонс, се надевам дека и понатаму ќе продолжиме, имавме ние и претходни соработки и донации и ова нека биде поттиг и за идни хумани дела за сите асоцијации и општествено одговорни компании во нашиот град“, рече Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

 

„Нашиот кабинет за ортооптика во кој се лечат малите пациенти, односно децата кои имаат проблеми со видот има традиција повеќе од 40 години и во него се користи одредена опрема која согласно времето на користење полека се амортизира. Од тој аспект беше исклучително добредојдена понудата да се обезбеди донација и да се обезбедат одредени апарати за работата на тој кабинет за ортооптика, односно оптика и преоптика. Со оваа донација ние добивме два апарати од кои едниот е биомикроскоп на кој се вршат испитувања за состојбата на очите на нашите мали пациенти и добивме апарат кој се вика преоптофор кој се користи во дијагностички цели и во терапефтски цели за лекување на слабовидоста која ја имаме кај одреден процент на деца. Светските статистики велат дека околу 4% од младата популација се соочува со слаб вид на едното око кое ако благовремено се дијагностицира може успешно да се лечи и да се добие еднаков вид на двете очи. Значи апаратот преоптофор ќе го користиме за дијагностика и уште повеќе за терапија на таа слабовидост. Покрај овие 2 апарати добивме и пробен сет со пробни стакла кој ќе биде добредојден заради амортизираноста на нашите досегашни сетови, кој ќе се користи во истиот кабинет за одредување на диоптријата и видната оштрина на нашите пациенти“, вели д-р Дејан Ристески,началник на очното одделение.

 

„Нашата Лајонс клабс интернешнл асоцијација е една глобална светска организација. Нашиот Лајнос дистрикт 132 е дел од таа глобална организација, Лајонс клуб Прилеп е локален лајонс клуб и работи пред се во интерес на пациенти, во интерес на луѓе на кои им треба помош, така да и оваа донација е на ниво на дистрикт 132, ја даваме за потребите на очното одделение. Произлезе идејата да се направи проект, ја прифатив широко од причина што ние се нарекуваме витези на слепилото, значи лајонсите на светско ниво се витези на слепилото и секогаш приоритет имаме во помагање на слабовидни и на слепи лица, меѓутоа помагаме нормално и во други области. Јас тука ќе се надоврзам на говорот на докторот Дејан, ние пред неколку години имавме проект од УСАИД и Лајонс клабс интернешнл фондацијата во вредност од над 500.000 долари, со кој правевме скрининг во Македонија и се прегледаа некаде околу 33.000 деца и се утврди токму тој процент на деца со слабовидност. Многу убава спојка се направи со овој проект, прво помагаме на слабовидни, на пациенти не само од Прилеп туку и пошироко бидејќи од целиот регион гравитираат пациенти тука и спојка да се прегледуваат деца. Јас сум детски стоматолог по професија, за мене децата се на прво место во секој поглед, преубава спојка преглед на слабовидни и на деца во претшколска возраст“, истакна Весна Пацановска, гувернер на асоцијацијата Лајонс за дистриктот за Македониија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи