ВИДЕО – Стерјовска Локвенец: Прилеп е претворен во град на насилството, секојдневни тепачки, физички напади, грабежи сред бел ден


Покрај апелите на градоначалникот и заложбите на Советот на Општина Прилеп и барањето одговорност на највисоките лица при ПС Прилеп, да бидат преземени посериозни чекори во борба против секојдневниот криминал во нашата Општина, за жал сведоци сме на уште поголем хаос, истакна Ирена Стерјовска Локвенец, советник во Општина Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој пат, мета на вандализам беше директорот на Јавното комунално претпријатие „Koмуналец” – Прилеп, Рубин Абрашоски, чиј автомобил беше опожарен во текот на вчерашниот ден. ЈКП Комуналец Прилеп, после смена на локалната власт, важи за едно од водечките претпријатија, преку чија работа, успешно се враќа стариот лик на Прилеп, кој со претходната локална власт предводена од СДСМ, беше претворен во една огромна дива депонија, со нечисти улици и запустени парковски површини.

Дали полицијата ќе реагира експресно во конкретниот случај, како што знаела да реагира експресно во минатото, кога мета на напад биле високи функционери од редовите на СДСМ?! Или и овој настан ќе остане само обичен настан заведен во билтенот, без никаква одговорност за сторителот само затоа што оштетен во конкретниот случај е функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ?!

Прилеп веќе подолг период е претворен во град на насилството, со секојдневни тепачки, физички напади, грабежи сред бел ден, опожарени возила, град кој турка рекорди во црната статистика. Што ли треба уште да се случи за Оливер Спасовски, како прв човек на МВР, преземе конкретни дејствија за надминување на ваквата состојба? Дали ќе се охрабри да изврши смена на првите луѓе во полициската станица во Прилеп како еден од првите чекори кон успешно сузбивање на криминалот?

Новата локална власт продолжува со реализација на ветените проекти во интерес на граѓаните. Ваквите вандалски чинови ниту ќе заплашат некого, ниту пак ќе го одвратат од намерата да работи успешно, чесно и домаќински. Прилепчани ги гледаат секојдневните позитивни промени и наша примарна цел останува да си го вратиме градот на вистинскиот пат“, додаде Стерјовска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи