Се реконструира кровот на ООУ „Никола Карев“ во Крушево


Продолжува реконструкцијата на кровот на ООУ „Никола Карев“ Крушево. Од Општина Крушево информираат дека кровот бил стар повеќе од 40 години, а неговата реконструкција ќе придонесела за надминување на протекувања во фискултурната сала и училниците.

„Во рамки на овој проект финансиран од Министерството за образование ќе се реконструира и фискултурната сала во училиштето. Проектот треба да заврши до крајот на 2022-ра година. Кон крајот на 2021-ва година се реновираше училиштето во с. Борино, а општината изработува основни проекти за реновирање на уште неколку подрачни училишта“, велат од Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи