ВИДЕО – Дождовите го уништија „Средно патче“ кај Варош, земјоделците бараат помош од Општина Прилеп


Дождовите кои интензивно и во големи количини паѓаат во последните 2 дена го уништиле полското т.н. „Средно патче“ кое од населбата Варош кај Прилеп води кон новите градски гробишта, а кое го користат околу 100 земјоделци, од кои најголем број тутунари, кои имаат ниви во овој дел.

Земјоделците испратија видео до нашата редакција и бараат помош од Општина Прилеп да се саниираат големите оштетувања на патот, затоа што велат дека сега по полскиот пат може да се помине само со трактор или теренско возило, а никако со автомобил. Веќе собрале петиција од најголемиот број земјоделци кои имаат посед во овој дел и истата утре ќе ја достават до Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира