ВИДЕО – Започна најпознатиот фестивал во Македонија „Пиво фест“, 4 дена многу ладно пиво, одлична забава и вкусна скара

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

„Ви посакувам убави поминати забавни вечери сите овие 4 дена од Пиво фест, а воедно уживајте во добрата забава, вкусната скара и ладното пиво. На здравје“, истакна синоќа на отворањето на 18-от ред Пиво фест во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески.

Пиво фест е најмасовната и најпозната фестивалска манифестација во Македонија. Пред присутните настапија: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК и Џамбо Агушев оркестра. Посетителите велат дека по 2 години пауза полека се враќа стариот сјај на Фестивалот.

 Нема подобро, треба дружба, ние доаѓаме од Скопје“, вели еден посетител.

 „Од странство сум, годинава прв пат сум, оценката е чиста 10 за фестивалот“, вели друг посетител.

 „Пиво фест е најдобар фестивал, на здравје, ние доаѓаме од Австралија“, рече трет посетител.

 „И атмосферата би рекол дека е супер после 2 годинии пандемија и разни кризи, атмосферата е одлична“, додаде друг посетител.

 „Одлично е, треба да дојдат сите, најмногу ми се допаѓа музиката“, истакна една посетителка.

Задоволни се и угостителите. Велат дека како за почеток на фестивалот имало доста посетители. Најголемиот број посетители се очекуваат денеска и за време на викендот.

„Атмосферата од 1 до 10 е чиста 10-ка. Има муштерии се е во ред, очекуваме во наредните денови да биде уште појако“, вели еден угостител.

 „Некаде од пладне започнаа да не посетуваат гости и цело време е полно еве се до вечерва. И како што разбрав сите соби и апартмани кои се издаваат во Прилеп се букирани од гости од надвор“, изјави друг угостител.

Општина Прилеп очекува Фестивалот за 4 дена да го посетат околу 100.000 посетители. Овој Фестивал има големо значење за локалната економија во Прилеп. Вечерва настапуваат: Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Brothers, додека пак на алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noodle и Lili Diva.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци