На 14.07.2022 на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А. (34) од Прилеп.
„Претходно, додека управувал мотоцикл, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а се обидел со мотоциклот да удри полициски службеник. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Битола.