Владејачката СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и го повика МВР да го расчистат случајот.
„МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите“, велат од партијата.
Од СДСМ велат дека го осудуваат овој криминален чин и повикаа на одговорност, а очекуваат јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.
„Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува било кој“, додаваат од партијата.