Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се менува цената на дел од горивата. Од полноќ, дизелот поевтинува за 2 денари, додека цената на бензините останува иста.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 94 денари/литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава по 95,5 денари/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 по 98 денари/литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 94,5 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 52,840 денари/килограм.