Дрвокрадец скокнал во возење од ТАМ-чето кај с. Забрчани додека го бркала шумската полиција


На 24-ти овој месец, дрвокрадец скокнал во возење од ТАМ-чето кај Дупјачани, додека го бркала шумската полиција и избегал, а додека возилото без возач завршило во блискиот дол. Од шумската полиција претпоставуваат дека дрвокрадецот претходно растоварал диво исечени дрва во селото Мажучиште, а додека кога бил затекнат на излезот од Мажучиште кон Дупјачани, во камионот имал околу 2 метри кубни дрва.

Не застанал на знакот на полицијата по што започнала бркотницата. Дрвокрадецот кај  Забрчани завртил десно над селото и потоа избегал. Возилото било многу оштетено и не било во возна состојба. Потребни биле неколку часови тоа да се извлече од долот и со шлеп служба да се транспортира до „Црн Бор“.

Од шумската полиција велат дека сторителот им е познат и дека против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи