Илија Јованоски, градоначалникот на Општина Прилеп, е новиот претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. Вака гласаа членовите на ова тело, на својата конститутивна седница, што се одржа на 1 декември, 2016 година во хотелот „ Изгрев“ во Струга, по нивниот избор од страна на Генералното собрание, на 29 ноември, 2017 година, во Скопје. Јовановски се заблагодари за довербата и истакна дека ќе работи активно и посветено.
Членови на Надзорниот одбор се :
- Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп
- Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица;
- Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево;
- Борче Митевски, градоначалник на Општина Петровец;
- Еркан Арифи, градоначалник на Општина Липково и
- Коле Чаракчиев, претседател на Советот на Општина Радовиш и член на Комитетот на советите при ЗЕЛС, кој во согласност со Статутот на ЗЕС е без право на глас на седниците на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.
Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, ги запозна присутните со активностите на ова тело утврдени со Статутот на Заедницата.