Од силниот дожд и ветар кој го зафати попладнево Прилеп, околу 16 часот, се искинале кабли од електричната енергија, на ул. „Јоле Андоноски“. И по 4 часа каблите стојат на улицата, а жителите се жалат дека 4 часа не може да добијат никого во ЕВН за да дојдат екипи и да се санира дефектот. Велат дека до пред малку од каблите излегувале искри, се плашат дека доколку се уште се под напон може да се случи несреќа. Дел од улицата нема воопшто електрична енергија. Бараат итна реакција на ЕВН.