Невремето кое вчера го зафати Прилеп, освен урнати покриви на згради во населбата Димо Наредникот, искинати кабли од електрична енергија во населбата Бончејца, предизвикало и оштетување на дел од гробовите на новите градски гробиишта.
До нашата редакција граѓани испратија фотографии од овие непријатните слики кои ги пречекале утринава, кога ги посетиле вечните почивалишта на нивните најблиски.
Граѓаните велат дека освен гробовите од невремето урнати биле и неколку дрвја, а дополнителен проблем за нив претставувала и неискосената трева, која веќе подолг период наназад никој од надлежните не сака да ја уреди.