Дел од жителите на ул. „Јоле Андоноски“ 24 часа без струја, велат ЕВН не презема ништо


Поради силниот дожд и ветар кој вчера попладнето го зафати Прилеп се искинаа дел од каблите кои носат електрична енергија на ул. „Јоле Андоноски“ во Прилеп. Жителите обвинија дека и по 4 часа од случајот никој од ЕВН нема дојдено, а од каблите кои лежеа на улицата излегувале искри.

По објавата на Инфо Компас за овој настан екипи на ЕВН само ги отстраниле каблите, но дел од куќите се уште и по скоро 24 часа немаат струја, а дел пак немаат една фаза.

Жителите се крајно револтирани, велат дека цел вечер биле на свеќи, а се плашат дека ќе им се расипи и храната во фрижидерите. Бараат итна реакција на ЕВН.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи