Поради се поголемите трошоци како за производство на тутун така и за основна егзистенција на тутунарите кои за жал се оставени сами на себе без легитимни претставници пред институциите во овие исклучително тешки времиња, Ние, новоформираните тутунски здруженија БАРАМЕ од вас – МЗШВ и откупувачи на тутун, изготвување на АНЕКС на договорите за производство на тутун за реколта 2022 година со кој анекс на договор ќе се покачат цените по класи на тутунот и кои цени за разлика од сегашните, реално ќе ги отсликуваат производствените и животните трошоци, се вели во писменото соопштение на Новоформирани тутунски здруженија.
„Ова наше барање има за цел да го одржи барем колку толку ланското производство на тутун, како и да го спречи напуштањето на земјоделците на оваа традиционална гранка во Македонија од која загуба ќе имаат и државата и откупувачите.
Искрено се надеваме дека ова наше барање ќе биде прифатено и со самото тоа министерот при МЗШВ ќе покаже и на дело дека неговите јавни заложби за земјоделците не се само празни зборови,а откупувачите дека навистина мислат да ја вратат оваа гранка во живот која сега за жал се наоѓа во кома“, велат од Новоформирани тутунски здруженија.