ВИДЕО – Победа и навивачите добиваат мурал долг 80 метри


Еден од најпознатите прилепски брендови ФК Победа и нејзините верни навивачи наскоро ќе добијат мурал кој ќе биде долг 80 метри, а се црта на источниот ѕид од стадионот, од надворешната страна. Муралот ќе ја содржи целата историја на Победа од нејзиното основање во далечната 1952 година, па се до денес, заедно со сите успони и падови на клубот и развојот на навивачката група. Муралот го изработуваат прилепскиите уметници, а воедно и големи фанови на Победа, Марјан Стојаноски, Филип Перески и Методи Исков. Со муралот Победа и најфудбалскиот град Прилеп добиваат нешто што одамна го заслужуваат.

Иницијативата и финансиите за изработка на овој мурал потекнуваат од навивачите на Победа кои моментално живеат и работат во странство, Европа, Америка и Австралија и себеси се нарекуваат Манки Странки.

„Пронајдовме начин преку социјалните мрежи 3 пати во годината да се организираме за некаква хуманитарна или општо корисна мала инвестиција во партнерство со навивачите кои живеат и работат во Прилеп. Последно за кое се организиравме е овој проект на стадионот Гоце Делчев со кој ќе се бацрта мурал на ѕидот долг 80 метри, а со тоа ќе се овековечат симболите кои се репрезент на градот Прилеп. Посебно за пофалба се прилепчаните во Австралија кои се доста организирани и помагаат повеќе. Наредно за кое се подготвуваме е да се помогни организацијата за пиротехничкото шоу кое што се спрема за оваа есен по повод 35 години од навивачи Маркови Внуци и Мајмуни“, велат иницијаторите за создавањето на овој мурал.

Навивачите на Победа од дијаспората веруваат дека со овој потег ќе придонесат и други успешни прилепчани да се огледаат на нивниот пример и да посакаат и тие да помогнат за оваа идеја, традиција и репрезент на градот.

Доколку временските услови го дозволуваат тоа муралот треба да биде готов за околу една недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи