ВИДЕО – Можеби нема да имаме голема криза, но остануваме увозно зависна земја со скапа храна


Македонија можеби оваа зима нема да доживее некоја голема криза за храна, но и понатаму ќе остане увозно зависна земја. Скоро ниту една земјоделска култура не ја произведуваме доволно за да комплетно од истата се задоволат потребите на население. Буквално се мора да увеземе за да се надополни побарувачката. Немажноста да се планира поради немањето загарантиран откуп, цени кои постојано варираат и енормното поскапување за репроматеријалите се една од главните причини за ова.

„Секое потфрлување генерално, драстично во откупните цени влијае врз планирањето кај нашите земјоделци во наредната година. Секој кој што планира нешто да произведува сака да биде сигурен во некоја цена која што би ја имал. Би бил добар во планирањето и кога би се знаеле цените на репроматеријалите за производство“, вели Горан Томески, Агенција за поттикнување на развојот на производството.

Подобрување има само кај пченицата, која годинава достигна цена од 19 до 21 денар, а лани цената се движење околу 10 денари. Но останува сега да се види дали со есенската сеидва ќе се зголемат површините. Исто така зголемување и на цената и на површините има и кај сончогледот, но проблем во моментов се градинарските култури. Цената на пиперката е 30 денари како и лани, а откуп нема.

„Годинава има најслаб откуп од сите години. И пиперката скапува по нивите Не знаеме зошто нема откуп еве сета почнува да скапува. Велат дека нема квалитет, од многу дожд пиперката многу скапа“, рече Гоце Митрески, производител на пиперки.

Продолжува и трендот на намалување на сточниот фонд, а причина се ниските откупни цени на млекото, но и на сирењето, како и немањето на работна рака.

„Па да ти кажам право ако продолжи вака храната да биде скапа и да нема субвенции и ќе се продаде стоката и ќе нема стока во Македонија. Треба да се вложи напор, власта да вложи напор да се поддржи сточарството бидејќи овците да ги одглчедуваш се тешки“, додаде Роза Јованоска, одгледувач на овци од Прилеп.

 

„Стока нема ништо од 700 куќи уште јас имам 300 глави овци. Нема, младите си бегаат во странство, каде што му е полесно, каде има повеќе приход. Ова е тешка работа. Каде ќе најдеш млеко, мора да има млечна криза ако нема млеко, треба да помогни државата за да се подобри“, истакна Исмија Рамчески, одгледувач на овци од с. Дебреште.

 Без соодветна стратегија и поголема поддршка на земјоделскиот сектор, Македонија ќе продолжи да биде земја која нема да може да ги прехрани своите жители ако не е увозот, а цените на храната ќе бидат се поскапи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи