ВИДЕО – Проект за лажни вести и медиумска писменост на СОУ „Ѓорче Петров“ со училишта од Италија, Грција и Романија


СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп продолжува со имплеметацијата на големиот број проекти поврзани со Еразмус програмата. Овој пат во Прилеп од 12 до 16 септември ќе бидат присутни ученици од Италија, Грција и Романија кои ќе се дружат со своите врсници од Македонија, но и ќе дебатираат и ќе имаат разни работилници поврзани со темата на проектот, а тоа е „Провери го изворот пред да споделиш нешто“. Целта е да се научат младите како ги распознаваат лажните вести.

„ Целта е учениците да ги осознаат лажните вести, да можат да препознаваат лажни вести и да се отргнат малку од социјалните мрежи. Еве овде денес организираме спортски активности, културни настани, малку да се отргнат од своите паметни телефони и од компјутерите. Работилница на малку поинаков начин. Во текот на средбата имаме работилници организирано во нашето училиште, имаме дебата, посета културно-историски споменици. Исто така на учениците треба да им се скрени вниманието за користењето на различни алатки како web to tools, кои што тие ги користат но не знам колку се свесни дека користат. Значи практично користење на социјалните мрежи за едукативни цели“, изјави Елизабета Милошеска, координатор на проектот.

И младите признаваат дека постојано се бомбардирани со лажни вести, особено преку сопцијалните мрежи и потенциираат дека треба да се зголеми медиумската писменост кај нивините врсници, за да се прави разлика помеѓу лажните и вистинитите информации.

„Пробуваме да ја зголемиме нашата медиумска писменост, да можеме да ги препознаеме лажните вести бидејќи во денешно време ги има навистина многу и баш ние како младина треба да знаеме како да ги одвоиме лажните од вистинитите и на кои извори смееме да се потпреме. Покрај тоа морам да кажам дека навистина не исполнува тоа што имаме можност да се дружиме и да се запознаваме со наши врсници кои доаѓаат од други мести низ Европа, ни носат нова култура и воедно ја запознаваат нашата со што правиме реклама на Македонија и се што имаме“, вели Барбара Мицеска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

Гостите од странство велат дека се дел од многу проекти преку Еразмус програмата, а Македонија ја посетувале доста често. Премногу им се допаѓа нашата земја и се што таа може да им го понуди.

„Вистинско задоволство е да се работи со Вас. Лично за мене ова е втор пат како ја посетувам Македонија. Секогаш ми претставува задоволство да дојдам тука. Имате многу убава земја, вашите наставници се прекрасни, вашите ученици се приијателски расположении и гостопримливи, да се надеваме дека ќе станете дел од ЕУ и дека ќе продолжиме засекогаш со оваа соработка. Овој проект се вика „Провери го изворот“, ние ги учиме нашите студенти како да го препознаат изворот кој ќе го пронајдат на интернет дали е добар, дали е лош, како да се избегнуваат лажни вести. Денеска на пример овој собиир има посебна цел, да се најде алтернатива за социјалните медиуми. Денеска учениците не се на инстаграм илии фејсбук, тие се социјализираат, играат игри, разговараат“, истакна Кристина Салмена, гостин од Италија.

 

„Мислам дека лажните вести можат да се препознаат по тоа што обично имаат поразлична URL адреса од останатите сајтови или често пати има многу погрешни зборови, многу грешки. Често користат стари фотографии за нови настани по сето ова може да се препознаат дека се лажни“, додаде Франческа Гавики, гостин од Италија.

Освен Прилеп гостите од странство во наредните денови ќе ги посетат Охрид и Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи