Нашите репрезентативци Ана Цветановска и Ставре Јада ја продолжија доминацијата во летниот дел од сезоната и во двата дена на третиот ФИС ролер ски куп во Македонија кој се одржа на Пониква освоија по 2 златни медали односно по две први места, Ана на 5км, а Ставре на 10км. Стазата беше една од потешките, но тие успеаа да се изборат за првите позиции.
Сега остануваат уште 15 дена тренинг за финалните трки во Грција, за фис ролер ски купот кој ќе се одржи таму на 1 и 2 октомври, а потоа ќе следува подготовка за зимската сезона.
Нашите најдобри нордиски натпреварувачи од постоењето на нордиското скијање во Македонија се веќе длабоко во нормите кои се потребни за учество на Светски куп во зимската сезона.