На 09.10.2022 Недела во Прилеп спортска сала на СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп, во организација на ЏК Сеишин -Прилеп се одржа 12-ти Меѓународен Турнир во Џудо ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ -2022 “ЦЕВИТАНА КУП”.
На овој Турнир учество зедоа вкупно 385 Натпреварувачи од 43 клубови од 7 Држави
- Македонија ( 14 клубови)
- Грција (11 клубови)
- Црна Гора ( 6 клубови)
- Србија ( 4 клубови)
- Бугарија (4 клубови)
- Албанија (2 клубови)
- Косово ( 2 клубови)
Организаторот имаше обезбедено спортска сала која беше поставена според сите протоколи за натпревари од овој вид, која за волја на вистината беше исполнета до последното место. Борбите се одвиваа на 4 џудо борилишта а правдата ја делеа и џудо судии од нашата држава и странство.
На големо задоволство на клубот организатор, по двегодишна пауза поради ковид пандемијата овој Турнир се врати на голема врата и ќе биде запаметен како еден од најголемите спектакли кои досега се случиле во нашиот град.
Согласно сумираните резултати од натпреварувачката комисија за најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се:
Помлади пионери-ки: ЏК Преспа Ресен
Помлади пионери: ЏК Бор Србија,
Пионери: ЏК Црногорац Цетиње, Ц.Гора
Пионерки: ЏК Сакура Катерини Грција
Кадети: ЏК Велико Градиште Србија
Кадетки:ЏК Сакура -Катерини Грција
Севкупен победник на овој Турнир според бројот на освоени медали е Џудо Клубот Сакура Катерини Грција.
За сите натпреварувачи кои освоија места на пиедесталот, организаторот имаше обезбедено награден фонд од Дипоми, медали и посебна награда за прваците во секоја тежинска категорија – парфем.
Инаку клубот ја задржа традицијата за покана и присуство на специјални гости од џудо фелата а оваа година беа присутни:
- Г-ин Зоран Миловиќ џудо мајстор 8- ми дан од Црна Гора,
- Г-ин Бојан Миличевиќ, Директор на Маркетинг комисијата при Балканската џудо асоцијација
- Г-ин Владимир Трпаноски Претседател на џудо федерацијата на Македонија, како и други гости членови на комисиите, телата и органите при Џудо федерација на Македонија.
Турнирот официјално го отвори градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.