ВИДЕО – Без минато нема иднина, историјата ја учиме за да знаеме како да се однесуваме во иднината


Без минато нема иднина, историјата не ја учиме само за да го знаеме минатото, туку за тоа како да се однесуваме во иднината. НОБ е темелот на нашата држава кој треба достојно да се почитува. Ова беше  главната порака која денеска во Прилеп беше упатена по повод одбележувањето на 81 годишнината од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Бројни делегации на Владата, Општина Прилеп, Собранието, АРМ, Сојузот на борци оддадоа почит на Методија Андонов Ченот, Кузман Јосифоски Питу и Могилата на Непобедените. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски истакна дека очекува поддршка од Владата за новиот закон за фондации и здруженија со кој треба да се регулира кој може истите и како да регистрира, за да не доаѓаат непријатни ситуациии како со бугарските клубови кои носат имиња на соработници на фашистичиот режим.

И не треба на тоа да гледаме онака како што власта не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата. Така е и денеска, така ќе биде и во иднина“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Борче Јовчески рече дека точно пред 81 година токму од Прилеп започнал нашиот поход за осамостојување и создавање на самостојна независна држава и дека во овие моменти треба сите да бидеме сплотени за да ги зачуваме националните интереси.

Изминативе години наидовме на големи препреки, осиромашени и поминати низ сите невремиња на болести и економски кризи, а во ова време сме сведоци и на големата енергетска криза која што мора храбро и смело да ја надминеме“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Историчарите порачуваат дека НОБ е продолжување на континуитет на голем број генерации македонци за создавање на своја сопствена држава и токму затоа никогаш не треба да се заборави ова дело.

Партизаните од цела Македонија во суштина го продолжиле револуционерниот од на револуционерите од илинденскиот период, како и го оствариле стремежот на борба за слобода и за самостојна Македонија, на многу генерации од минатото кои кревале разни буни и востанија. Секако во тој контекст би го споменале првиот Илинден 1903, вториот Илинден од 1944 и третиот Илинден кој што се случи 1991 година, со референдумот со кој се прогласи Република Македонија за самостојна и независна“, додаде Рубин Белческии, историчар.

По повод празникот денеска во Прилеп се одржа и изложба на олдтајмери и „Tunning car show“ на кое учествуваа огромен број автомобили од цела Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи