Две награди за прилепскиот театар на Денови на комедијата во Куманово

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Театарот „Војдан Чернодрински“ освои две награди на деновиве завршениот 25 –ти фестивал Денови на комедијата во Куманово – за најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) и најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ).

Одлуката за наградите ја донесе жирито на Денови на комедијата – Куманово 2022 во состав: претседател – Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф). Димитар Ѓорѓиевски вели дека ова му е прва поголема награда за актерска игра.

„Баш ми е ќеф што доаѓа на фестивал каков што е кумановскиот. Кумановчани се луѓе со неверојатен смисол за хумор и чувство за комедија, така што наградата таму, на фестивалот за комедија, има бонус значење. За да бидат работите поинтересни, јас во оваа претстава влетав на двапати. Еднаш пред премиерата, во улогата на Јосе и сега вторпат на фестивалот, во улогата на Пеце (на местото на Катерина Чакмакоска – Клинческа). Не учествував во подготовките целосно поради други ангажмани, ама ми беше многу ќеф да соработувам со Синиша на комедија и замолив да влезам во претставата, да се моткам во позадина и да помагам. Сега втор пат, ја менувам Кате, и со огромна помош и трпение од сите колеги, ете веројатно сум ја заменил Кате без да и ја упропастам феноменалната улога.  Како и да е, благодарност до сите кои го препознаа трудот, кои помогнаа да се случи и кои веруваа во мене“, изјави актерот Димитар.

„Да инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синишта Ефтимов е хит претстава која од премиерата досега одиграна е над 15 пати, а следната изведба е планирана за 21 овој месец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци