На 17.10.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Тетовска“ во Прилеп, поради непочитување на полициска наредба го лишиле од слобода Д.С. (20) од Прилеп.
Тој со своето патничко возило „БМВ“, со прилепски регистарски ознаки не застанал на уредно даден светлосен сигнал и не ги почитувал наредбите на полициските службеници, туку продолжил да се движи, но набрзо бил сопрен и приведен.
По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.