БК „АС“ Прилеп ја зацврсти позицијата на врвот во првата лига во бокс на Македонија


Во саботата во салата на С.О.У „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп се одржа 4-то коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија во организација на Боксерскиот Клуб „АС“ од Прилеп и Националната Боксерска Федерација. Од БК „АС“ Прилеп пријавени беа осум боксери, а настапија само четворица во официјалните борби.

Во официјалните борби :

Во категорија до 54 кг. (деца) Теодор Тошески победи против боксер од БК „Хасан Бег“ Скопје.

Во категорија до 52кг.(кадети) Илче Малиноски загуби против боксер од БК „Хасан Бег“ Скопје .

Во категорија до 80 кг. (кадети) Матеј Чатлески победи против боксер од БК „Пинк Пантер“ од Штип.

Во категорија до 80 кг. (јуниори) Мануел Абдуловски загуби против боксер од БК „Аперкат“ од Скопје.

Додека Максим Стојановски 75кг, Марко Петрески 50 кг., Стефан Иваноски 57кг. и Давид Наумоски 70 кг. немаа противници.

Во уводните борби настапија: Јаков Димоски , Димитар Тошески, Константин Талимче, Димитар Талимче, Мартин Трајкоски, Влатко Димоски и Лука Тодороски.

 

 

 

„Како тренери задоволни сме од прикажаните борби на нашите боксери. Во уводните борби сите наши боксери прикажаа одлични борби и добро се снаоѓаат во рингот. Во официјалните борби Теодор Тошески прикажа одлична борба ,со добрата техника убедливо го победи својот противник. Матеј Чатчески надмоќно го победи својот противник со прекин во првата рунда. Задоволни сме од организацијата и благодарни за поддршката од страна на публиката во полната трибина“, велат од БК „АС“ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи