По 15 пат во 4-те православни храмови во Прилеп, Свето Благовештение, Свети Кирил и Методиј, Света Петка и Свето Преображение за Божикната хуманитарна акција се поставија добро познатите црвени кутии каде граѓаните може да донираат средства за социјално загрозени граѓани. Акцијата ја организира хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски, која функционира во состав на црквата „Св. Благовештение“. Освен парични средства граѓаните може да донираат и нерасиплива храна и хемиски производи.
Со собраните средства потоа се купуваат намирници и се прават пакети кои потоа им се даваат на оние на кои им е потребна помош. Еден хуманитарен пакет содржи производи од околу 2.000 денари, а се планира како и секоја година бројката да не биде помала од 140-тина пакети, од кои 30-тина се даваат по прилепските села, а останатите во градот.
Ајде да донираме кој колку може и да помогнеме!