На 31 декември, во 11:00 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ ќе започни новогодишната програма на Општина Прилеп.
Дневната програма е наменета за најмладите, кои најпрвин ќе ја проследат театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“ а потоа ќе играат и пеат со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“.
Вечерната новогодишна програма започнува во 21:30 часот со настапот на прилепскиот DJ Dejan Pete, потоа во 22:30 на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а во 23:30 ќе започни настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.
Точно на полноќ, после огнометот, градоначалникот Борче Јовчески на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2023 година, а музичката програма ќе продолжи.
Локалната самоуправа на општина Прилеп ветува одлична забава и дочек на новата 2023 година и ги поканува сите наши сограѓани да ја проследат предвидената новогодишна програма.