Екипата на Гостилница „Кај Џек“ е победник на годинешниот турнир во мал фудбал „Св. Никола 2022-Прилеп“. Таа во финалето беше поуспешна од екипата Скара на кило „Кај Кусио“.
„Заедно со претседателот на Советот, Дејан Проданоски и со фудбалските легенди од нашиот град со задоволство ги доделивме наградите за најдобрите. Во фер плеј атмосфера поминаа сите 15 дена од турнирот и во оваа прилика сакам да упатам благодарност за сите помагатели, и учесници како и за беспрекорната реализација на организаторите на турнирот во соработка со Општина Прилеп. Локалната самоуправа на Општина Прилеп ќе продолжи да го поддржува овој турнир кој што секоја година носи радост за прилепските љубители на фудбалот во периодот околу празникот „Св. Никола“. Се надеваме догодина дека ќе имаме можност да се вратиме на традиционалното место за одржување на турнирот, во Универзалната сала во Прилеп“, вели на својот ФБ профил, градоначалникот Јовчески.