Под мотото „Едно небо за сите деца“ по 17-ти пат во Прилеп се одржа Божикниот ручек во организација на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“. Децата беа од различни целни групи и од повеќе градови на Македонија. На заедничката трпеза тие го прославија денот на Христовото раѓање. Беше потенцирано тоа дека децата треба да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата бидејќи тие се нашата иднина. Токму затоа на Божикната трпеза заедно, покрај децата од православна вероисповед присуствуваа и се дружеа и децата од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката заедница кај нас.
„Дечињата се среќни, среќни сме и ние како организација што оваа традиција продолжува со надеж дека оваа година ќе ни биде уште посреќна, а лошите мигови ќе ги оставаме зад нас“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршна директорка на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“.
Божикниот Ручек го благослови Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар
„Христос Спасителот рекол не случајно им рекол на Апостолите кога земал едно дете и го поставил на возвишено место – „Ако не бидете како ова дете, се мисли незлобиви, искрени, чесни, трудољубиви и кои сеат љубов околу себе неможете да го наследите царството небесно“, потенцираше Г. Ппетар, Митрополитот Преспанско-Пелагониски.
На сите деца локалната самоуправа им обезбеди по едно новогодишно пакетче.
„Да им посакаме и оваа година во нивните семејства да царува радоста, расположението и среќата. Се разбира ова традиција продолжува и се надеваме дека и в година ќе имаме една ваква прекрасна слика“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Оваа година најпрестижното признание „ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ“ го доби една општествена одгорна компанија од Битола.